• вторник, 24 декември 2024

Прикажани првите монети со ликот на кралот Чарлс Трети

Прикажани првите монети со ликот на кралот Чарлс Трети

Лондон, 30 септември 2022 (МИА) - Новите монети со слика од кралот на Велика Британија, Чарлс Трети беа покажани првпат денеска. Паричките од 50 пени ќе влезе во оптек за неколку недели.

Освен тоа, ликот на кралот е претставен и на специјалните монети од пет фунти. Портретот е дело британскиот скулптор Мартин Џенингс. Монетите ја следат вековната традиција на монархот свртен влево - спротивно од неговиот претходник.

Како и со претходните британски кралеви и за разлика од кралицата, тој на сликата не носи круна. Кралот Чарлс Трети лично ја одобрил сликата и, според наводите, тој е задоволен од сличноста. Ен Џесап, извршна директорка на Кралската ковачница, истакна дека монетите обично траат 20 години, така што и парите со ликот на кралицата Елизабета Втора и новите ќе бидат заедно во оптек уште неколку години. - Луѓето не треба да се грижат ако имаат монети со кралицата. Ќе ги задржиме и овие монети во оптек... Луѓето користат различни начини на плаќање, но навистина сакаат да користат и монети, од многу различни причини, изјави Џесап. Новата монета ќе биде во оптек заедно со оние со ликот на покојната кралица, така што тие 27 милијарди парички и натаму ќе бидат прифаќани в продавница.  си/сд/

Остани поврзан