• вторник, 08 октомври 2024

Прием на Македонците од цела Србија во македонската Амбасада во Белград по повод Денот на Независноста

Прием на Македонците од цела Србија во македонската Амбасада во Белград по повод Денот на Независноста

Белград, 9 септември 2024 (МИА) - Македонци и преставници на македоските здруженија од цела Србија, од Врање, Ниш, Белград, Нови Сад, Пландиште, Сомбор, истакнати македонски писатели, преставници на македонските партии во Србија, денеска се собраа во македонската амбасада во Белград каде имаа прием и го одбележаа Денот на независноста, јави дописникот на МИА од Белград.

Пред насобраните по интонирање на химната, свое обраќање имаше македонскиот амбасадор во Србија Никола Тупанчески, кој го истакна значајот на Денот на Независноста и пораките од матичната држава.

- Од десетте принципи кои беа споменати во говорот на премиерот на нашата држава, посебно би ги издвоил двата принципи кои се однесуваат на нашето единство од една страна и исто така запирање на иселувањето на граѓаните од нашата држава. Во таа насока ова се фундаментални принципи кои сериозно можат да придонесат во остврарувањето на поиквалитетен живот во нашата држава, изјави Тупанчески.

И од страна на бројната македонска заедница во Србија дојдоа со порака до матичната држава.

- Многу е важно македонската национална заедница и македонскиот национален совет да ги возобновиме односите со матичната држава и заеднички да го прославуваме нашиот најголем празник, изјави Зорица Митровиќ, претседателка на Македонскиот национален совет во Србија.

По повод одбележувањето на „8 Септември“ - Денот на независноста во Ниш од денеска Здружението на граѓани на македонското национално малцинство од Нишавскиот округ „Вардар“ Ниш, ќе ја започне манифестацијата „Денови на македонската култура“ во Галеријата на Центарот за култура Ниш со изложба на авторката Мирјана Крстева Масети од Ѓевгелија.

Наредните денови во рамки на манифестацијата ќе се одржи концерт на изворни македонски народни песни на оркестарот на Општинското основно музичко-балетско училиште „Лазо Мицев - Рале“ од Кавадарци, книжевна вечер со поетот Игор Трпчески од Прилеп и љубовната монодрама „Лидија“ во Нишкиот куклен театар, како и Македонска филмска вечер во Центарот за култура во Ниш. об/ар/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан