• сабота, 23 ноември 2024

Придобивките на Албанија од Берлинскиот процес - Од пругата Тирана-Драч до рехабилитација на ХЕ„ Фиерза“

Придобивките на Албанија од Берлинскиот процес - Од пругата Тирана-Драч до рехабилитација на ХЕ„ Фиерза“

Тирана, 16 октомври 2023 (МИА) - Европската комисија на состанокот на високо ниво на Берлинскиот процес денеска во главниот град на Албанија ќе претстави голем инвестициски пакет од буџетот на Европската унија.

Се очекува пакетот детално да го претстави претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, на почетокот на ноември, кога ќе биде објавена годишната програма за проширување со извештаи за напредокот на земјите кои ги отворија преговорите за членство, како Србија, Црна Гора, Албанија и Северна Македонија, како и земјите кандидати за членство, како што се Косово и Босна и Херцеговина.

-Во целост, Берлинскиот процес ја има економијата во неговото јадро. Шест земји од Западен Балкан ќе имаат корист од договорите што се очекува да бидат потпишани. Албанија, Србија, Црна Гора, Косово, Северна Македонија и Босна и Херцеговина ќе можат да привлечат инвестиции во инфраструктурни, енергетски, туризам и земјоделски проекти, наведува Ора њуз.

Додава дека инвестицискиот фонд за Западен Балкан е уникатна и успешна платформа за соработка која ги обединува корисниците, донаторите и заемодавачите за да ја подобрат хармонизацијата и соработката на инвестициите за социо-економскиот развој на Западен Балкан. Инструментот е заедничка иницијатива на Европската комисија, Банката за развој на Советот на Европа, Европската банка за обнова и развој, Европската инвестициска банка, билатералните донатори и земјите-кориснички од Западен Балкан, започната во декември 2009 година, за давање техничка помош и финансиски за стратешки инвестиции во регионот.

Кон инструментот се приклучија Германската банка за развој и Светската банка, а потоа и Француската агенција за развој.

Инвестицискиот капацитет за Западен Балкан комбинира грантови, заеми и придонеси на корисниците за инфраструктурни инвестиции во енергетиката, животната средина, социјалниот, транспортниот и дигиталниот сектор, како и за развој на приватниот сектор.

Проектите поврзани со Албанија се поврзани со железницата аеродромот во Тиранаа-Драч, кој опфаќа рехабилитација на 34,5 километри пруга меѓу Тирана и Драч, како и изградба на 7,4 километри нова железничка пруга меѓу Тирана и меѓународниот аеродром. Ова е многу важен проект за Албанија, кој ќе создаде економски можности, вклучително и одржлив туризам и ќе овозможи „зелено“ движење меѓу најголемите урбани области во земјата. Друг проект е обиколницата во Тирана.

Тоа е новиот проект одобрен на Самитот во Софија во 2020 година. Овој инвестициски проект предвидува изградба на обиколница долга 21,5 километри околу главниот град, кој вклучува четири клучки, мост и подвозници и надвозници. Таа е истовремено дел од два патни коридори кои ја преминуваат земјата: Јадранско-јонскиот коридор, кој ќе го поврзува Трст во Италија со Каламата во Грција и Коридорот VIII, кој ја поврзува Северна Македонија со албанската територија, со излез на Пристаниште Драч и Јадранско Море.

Вредноста на проектот е 150,9 милиони евра. Европската унија има обезбедено заем од 31,9 милиони евра, додека ЕБОР од 109,2 милиони евра. И заемите и грантот беа обезбедени, благодарение на добрата подготвителна работа на проектот, од Министерството за инфраструктура и енергетика, 2,5 милиони евра се грантови, а со 7,3 милиони евра ќе учествува албанската влада.

Новата обиколница ги поврза патиштата кои се веќе изградени, како што се автопатите Тирана-Драч и Тирана-Елбасан. Оваа обиколница ќе го намали сообраќајот, загадувањето и несреќите, и ќе го олесни протокот на транзитен сообраќај од другите делови на земјата.

Друг проект е рехабилитацијата на ХЕЦ Фиерза, која е втора по големината на Балканот, по онаа на Дунав. Проектот за рехабилитација на хидроцентралата Фиерза е втор албански предлог одобрен на Самитот во Софија. Проектот е со вкупна инвестициска вредност од 42,7 милиони евра, од кои 27,2 милиони евра се заем од германскиот фонд за развој KfW, 8,4 милиони евра финансирање од ЕУ и 7,1 милиони евра финансирање од албанската влада. вт/ссм/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан