• сабота, 23 ноември 2024

Приднестарските сепаратисти побараа руска заштита од Молдавија

Приднестарските сепаратисти побараа руска заштита од Молдавија

Москва, 28 февруари 2024 (МИА) - Властите во Приднестровие денеска усвоија официјална декларација со која бараат од Русија да ги заштити од Молдавија, која неодамна воведе мерки за економски притисок врз овој, свој проруски сепаратистички регион.

Според декларацијата, сепаратистичките власти сакаат Москва „да преземе мерки за заштита на Приднестровие во услови на зголемен притисок од Молдавија“.

Во декларацијата, усвоена на конгресот на пратениците од Приднестровие, се зборува за „социјален и економски притисок врз Приднестровие, што директно е во спротивност со европските принципи и пристапи за заштита на човековите права и слободната трговија“.

Во декларацијата, упатена до двата дома на рускиот парламент, меѓу другото, се вели: „Прифатете го апелот упатен до Советот на Федерацијата и Државната Дума на Руската Федерација со барање за спроведување мерки за заштита на Приднестровие во контекст на зголемен притисок од Молдавија, имајќи предвид дека повеќе од 220.000 руски граѓани живеат на териториите на Приднестровската Молдавска Република (самопрогласена) и позитивното искуство кога станува збор за акциите на руските мировни сили на Днестар“, се наведува во декларацијата. ссм/

фото: архива

Остани поврзан