• понеделник, 23 декември 2024

Привршува можноста за бесплатно отстранување на хаварисани возила во Куманово

Привршува можноста за бесплатно отстранување на хаварисани возила во Куманово

Куманово, 23 ноември 2024 (МИА) - Кумановци кои имаат хаварисани возила имаат уште неколку дена да ја искористат услугата која ја нуди општина Куманово за бесплатен транспорт на возило до лиценциран отпад за железо, соопштија денеска надлежните.

Акцијата почна на 28 октомври и ќе трае уште неколку дена, но засега интересот е незначителен. Општина Куманово заедно со ЈП „Куманово паркинг“ и СВР Куманово ќе спроведе акција за отстранување на хаварисани автомобили кои не се во возна состојба и со години зафаќаат јавни површини и паркинг простор.

По истекот на акцијата за бесплатен транспорт на хаварисаните возила, задолжените служби ќе почнат со отстранување на возилата кои со години зафаќаат простор на тротоарите. Според првичните информации од комуналните инспектори, само во централното градско подрачје во Општина Куманово има седумдесетина автомобили кои со години стојат на иста површина. Полицијата ги проверува сопствениците.

Сопствениците на хаварисаните автомобили со службите на ЈП „Куманово Паркинг“ имаат можност бесплатно да го транспортираат возилото до лиценциран отпад за железо. Сопственикот треба да биде присутен на процената и за возилото ќе добие паричен надоместок.

Отстранувањето на возилата ќе ги ослободи тротоарите, сметаат надлежните од ЈП „Куманово Паркинг“ кои најавија исцртување на паркинг зона „Б“. ам/ир/

Фото: ФБ Ивана Ѓорѓиевска

Остани поврзан