• сабота, 06 декември 2025

Привршуваат подготовките за фестивалот „Денови на комедија“ Куманово

Привршуваат подготовките за фестивалот „Денови на комедија“ Куманово

Куманово, 8 август 2025 (МИА) - Привршуваат подготовките за фестивалот „Денови на комедија“ Куманово, соопштија денеска од НУЦК „Трајко Прокопиев“ Куманово. Програмата е подготвена, предвидено е да учествуваат единаесет театри од Македонија, Србија и Бугарија.

- Отворањето е закажано за 24 септември, кога публиката ќе имаат можност да ги претставите велешкиот театар, следуваат, МНТ, Театар Комедија, Струмица, Куманово-албанска драма, театрите од Србија, Крагуевац, Прешево, Пирот и Сатиричниот театар од Софија. Фестивалот традиционално ќе го затвори Театар Куманово со новата претстава „Разбуди се, Тина“, во режија на Драгана Таневска, изјави директорот на установата, Сашо Тодоровски.

Фестивалот ќе трае до 10 октомври, а кумановската премиера е закажана за 9 октомври, годинава. Како што претходно соопштија од установата, Советот на фестивалот одлучи годинашната награда „Васил Иљоски“ да ѝ биде доделена на актерката Весна Петрушевска, за нејзиниот придонес кон македонскиот театар. Наградата ќе биде врачена на 24 септември, на свеченото отворање. Цената на билетите ќе остане 200 денари, а организаторите голем интерес како и секоја година. ам/дма/


Фото: МИА 

Остани поврзан