• понеделник, 23 декември 2024

Приведен струмичанец, баран по потерница за издржување на седумгодишна затворска казна

Приведен струмичанец, баран по потерница за издржување на седумгодишна затворска казна

Скопје, 26 јули 2023 (МИА) - Во Струмица вчера во 13.30 часот полициски службеници од Секторот за внатрешни Струмица го привеле струмичанецот С.Т.(26).

Од МВР денеска информираа дека тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основен суд Струмица за издржување на затворска казна во траење од седум години за сторено кривично дело по член 193-а од Кривичниот закон.

Лицето било предадено во Казнено – поправната установа Затвор Штип за издржување на казната. цр/дма/

Фото:МИА

Остани поврзан