• сабота, 29 јуни 2024

Приведен разбојник во Скопје

Приведен разбојник во Скопје

Скопје, 14 декември 2023 (МИА) - Во Скопје синоќа околу 20 часот во близина на трговски центар на подрачје на Центар, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога и оружје го лишиле од слобода А.С. (35) од Скопско, осомничен дека околу 19.19 часот во аптека на подрачје на Кисела Вода, со закана одзел пари.

Од МВР денеска соопштија дека при прегледот кај него, биле пронајдени и одземени пари и пиштол за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривичното дело.

- А.С. е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, се наведува во соопштението од МВР. цр/аа/

Фото:МИА архива

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан