• сабота, 05 октомври 2024

Приведен разбојник во Велес, одземеното вратено на сопственичката

Приведен разбојник во Велес, одземеното вратено на сопственичката

Скопје, 11 август 2023 (МИА) - Во Велес вчера во 13.20 часот полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Ѓ.К (40) од Велес, осомничен дека извршил кривично дело „разбојништво“.

Како што денеска информираа од МВР, тој истиот ден на ул.„Илинденска“ во Велес физички ја нападнал М.М (76) од Велес, при што ѝ одзел паричник со пари. Лицето е приведено во Полициската станица Велес, а одземените предмети се пронајдени и вратени на сопственикот.

По целосно документирање на случајот ќе следи соодветна пријава. цр/са/

Фото:МИА

vranec_world_day_2024_300x250

Остани поврзан