Приведен осомничен разбојник од Скопје
- Службеници од полициските станици Чаир и Бит Пазар денеска во 12 часот на улица „Џон Кенеди“ во Скопје го лишија од слобода скопјанецот Р.Р. (45) поради основано сомнение дека извршил кривичн
Скопје, 28 септември 2021 (МИА) - Службеници од полициските станици Чаир и Бит Пазар денеска во 12 часот на улица „Џон Кенеди“ во Скопје го лишија од слобода скопјанецот Р.Р. (45) поради основано сомнение дека извршил кривично дело „разбојничка кражба“.
Според информациите од МВР, осомничениот на 16.09.2021 во магацински простор во маркет на улица „Македонско-косовска бригада“ во Скопје одзел пари од чанта на вработена, а откако бил забележан со пиштол се заканил на друга вработена и се дал во бегство.
По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава. свс/сп/