Приведен скопјанец кој се сомничи за физички напад
- Полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје вчера извршиле службен разговор со П.К.(24) од Скопје кој се сомничи дека во саботата физички ја нападнал 21-годишната М.К
![Приведен скопјанец кој се сомничи за физички напад](https://new.mia.mk/images/20230206153137_big_730x400_56.webp )
Скопје, 6 февруари 2023 (МИА) - Полициски службеници од Единицата за насилен криминал при СВР Скопје вчера извршиле службен разговор со П.К.(24) од Скопје кој се сомничи дека во саботата физички ја нападнал 21-годишната М.К.
Од МВР денеска информираа дека по целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава. дма/бак/