• недела, 22 декември 2024

Приведен млад кавадарчанец, осомничен за кражба

Приведен млад кавадарчанец, осомничен за кражба

Скопје, 28 март 2024 (МИА) - Млад кавадарчанец синоќа бил лишен од слобода поради сомнение за кражба, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.

- Полициски службеници од ОВР Кавадарци во 18.50 часот го привеле Ф.Ј., на возраст од 18 години. Тој се сомничи дека извршил „кражба“ од дворот на манастирот „Свети Никола Моклишки“ во атар на кавадаречкото село Ваташа, при што одзел повеќе предмети. Кај него биле пронајдени одземените предмети и биле вратени на сопственикот, појаснуваат од СВР Велес.

За настанот бил известен јавен обвинител. По негово документирање, ќе биде поднесена соодветна пријава. бд/аа/

Фото: МИА архива

Остани поврзан