• сабота, 29 март 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Приведен малолетник поради кражба на велосипед

Приведен малолетник поради кражба на велосипед
Скопје, 13 септември 2022 (МИА) - На подрачјето на Ѓорче Петров полицијата синоќа во 21:15 часот лишила од слобода малолетник од село Чајлане-скопско, поради кражба на велосипед. Тој, како што соопшти МВР, се сомничи дека на 04.09.2022 во паркот во Ѓорче Петров одзел велосипед, кој бил пронајден и вратен на оштетениот. Според МВР, известен бил Јавен обвинител и по целосното документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок. сст/лв/

Остани поврзан