• четврток, 21 ноември 2024

Приведен кумановец поради предизвикување општа опасност

Приведен кумановец поради предизвикување општа опасност

Скопје, 17 март 2023 (МИА) - Полициски службеници од СВР Куманово ноќеска во 00.05 часот го лишиле од слобода 18-годишниот кумановец А.В.

Тој се сомничи дека извршил кривично дело „предизвикување општа опасност“, односно помеѓу улиците „Драган Стопаревиќ“ и „Бранко Богдански Гуцман“ во Куманово предизвикал пожар, при што била запалена трева, соопштија од Министерството за внатрешни работи. 

Од МВР додадоа дека по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава. см/сп/

Остани поврзан