• петок, 22 ноември 2024

Приведен кумановец за доиздржување казна затвор

Приведен кумановец за доиздржување казна затвор

Куманово, 9 септември 2022 (МИА) - Полицијата приведе кумановец баран за доиздржување затворска казна, соопшти денеска СВР Куманово. 

-Вчера  во 06:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода З.Е. (30) од Куманово. Тој бил баран со потерница затоа што бил осуден на една година и шест месеци затворска казна за сторено кривично дело „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик, а бил баран за доиздржување на седум месеци казна затвор, соопшти полицијата.

Лицето е спроведено во Казнено-поправна установа Затвор К’шење за доиздржување на казната. ам/сст/

Остани поврзан