• понеделник, 23 декември 2024

Приведен криминалец баран со потерница

Приведен криминалец баран со потерница

Скопје, 31 декември 2022 (МИА) – Полициски службеници вчера во 16.30 часот во скопско Визбегово го лишиле од слобода З.Л.(28) од село Вражале баран за издржување затворска казна од една година.

За З.Л. била распишана централна потерница по наредба од Основен кривичен суд Скопје, за издржување казна за сторено кривично дело по чл.396 од КЗ на РСМ. Тој ќе биде предаден на надлежната казнено поправна установа, информира МВР.лв/

Тагови

Остани поврзан