• понеделник, 23 декември 2024

Приведен криминалец баран со потерница за издржување затворска казна

Приведен криминалец баран со потерница за издржување затворска казна

Скопје, 31 декември 2022 (МИА) – Полициски служебеници уапсиле гевгеличанец, кој бил баран со централна потерница за издржување на казна затвор од две години и девет месеци.

– Вчера во 20:10 часот на ул.„Илинденска“ во Гевгелија од полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје бил лишен од слобода И.П.(43) од Гевгелија. За него била распишана централна потерница по наредба од КПУ-Гевгелија  за издржување на казна затвор од две години и девет месеци, за сторени кривични дела по чл.247 и чл.149 од КЗ на РСМ, информираат од Министерството за внатрепни работи.

Како што посочуваат од МВР, тој ќе биде предадено на надлежната казнено-поправна установа.фф/лв/

Остани поврзан