Приведен крадец од гостиварско Страјане
- Полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар, вчера околу 12:10 часот на улица „Гоце Делчев“ во Гостивар, го лишиле од слобода 19-годишниот И.С. од гостиварско Страјане.
Скопје, 16 февруари 2024 (МИА) - Полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар, вчера околу 12:10 часот на улица „Гоце Делчев“ во Гостивар, го лишиле од слобода 19-годишниот И.С. од гостиварско Страјане.
Како што соопшти МВР, тој се сомничи дека заедно со уште едно лице извршил тешки кражби во куќи во гостиварските села Беловиште и Балиндол.
По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе следуваат соодветни пријави. дма/sa/
Фото:МИА архива