• петок, 26 април 2024

Приведен крадец во Скопје, одземеното вратено на оштетената

Приведен крадец во Скопје, одземеното вратено на оштетената

Скопје, 28 мај 2023 (МИА) - Полициски службеници од Единицата за внатрешни работи - Одделение за криминалистички работи Аеродром и Драчево завчера во 13:00 часот на  подрачјето на Аеродром го лишиле од слобода Н.Н.(27) од Скопје поради постоење основи на сомнение на сторено кривично дело тешка кражба на дрзок начин. 

Како што информира МВР, околу 11:00 часот на улицата „Бојмија“ пријавениот од 61-годишна скопјанка одзел златен синџир што го носела. 

-Со него бил извршен службен разговор во кој го признал кривичното дело, а исто така било извршено препознавање од страна на оштетената. Известен бил Јавен обвинител. По преземени мерки и извршени проверки констатирано било дека пријавениот златниот синџир го заложил во заложна куќа на подрачјето на Аеродром, по што бил одземен и вратен на оштетената, соопшти МВР. 

Од страна на Судија на претходна постапка на Н.Н. одредена му е мерка притвор во траење од осум дена.вј/аа/

Фото: МИА архива

Остани поврзан