• четврток, 01 август 2024

Приведен жител на Мерово, мештаните го пријавиле за намерно предизвикување пожар

Приведен жител на Мерово, мештаните го пријавиле за намерно предизвикување пожар

Тетово, 10 април 2023 (МИА) – Жител на тетовското село Мерово е приведен откако мештаните го пријавиле за предизвикување пожар. Тој бил приведен вчера околу 21 часот и 30 минути, а пожарот избувнал околу 20 часот.

- Полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 57-годишниот А.А. од тетовско Мерово, кој  бил пријавен од жители на ова село дека претходно предизвикал пожар во куќата во која престојувал сам и блиската плевна, а се обидел, според пријавеното, да предизвика пожар во уште една куќа, сопственост на негов близок роднина. Тој е задржан во Полициската станица Тетово. Денеска (10 април) ќе се изврши увид и ќе се расчистува и документира случајот, информираа од СВР Тетово.

Според информациите од Тетовската Територијална противпожарна единица пожарот (ТППЕ) бил изгнасат за два часа. ас/цр

Фото: ТППЕ Тетово 

 

 

Остани поврзан