• сабота, 23 ноември 2024

Приведен жител на Грчец баран со централна потерница

Приведен жител на Грчец баран со централна потерница
Скопје, 22 октомври 2022 (МИА) - На ул.„Иљо Војвода“ во Скопје денеска во 12.05 часот, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје и инспектори по потраги од ЕВР - Ѓорче Петров и ЕВР- Кисела Вода го лишиле од слобода С.С.(59) од село Грчец, Општина Сарај. За него, соопштија од МВР, била распишана централна потерница по наредба на Основен кривичен суд Скопје за издржување затворска казна за сторено кривично дело по член 223 од Кривичниот законик. Лицето ќе биде спроведено во казнено – поправна установа за издржување на казната. цр/

Остани поврзан