• вторник, 27 август 2024

Приведен битолчанец за доиздржување казна затвор

Приведен битолчанец за доиздржување казна затвор

Скопје, 16 август 2023 (МИА) - Полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи при ОВР Прилеп, денеска го привеле битолчанецот И.Р., на возраст од 45 години.

Како што појаснуваат од Министерството за внатрешни работи, тој се барал со наредба од Казнено-поправната установа Затвор Идризово за доиздржување казна затвор од три години и шест месеци.

Лицето е приведено и ќе биде спроведено во казнено-поправната установа за доиздржување на затворската казна. бд/са/

Фото: Архива

Остани поврзан