• недела, 20 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Приведено момче од Тремник, со остар предмет нападнал неготинец

Приведено момче од Тремник, со остар предмет нападнал неготинец

Неготино, 13 април 2025 (МИА) - Момче од неготинското село Тремник, рано изутрина било лишено од слобода поради напад врз неготинец, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.

-Утрово во 1:20 часот, полициски службеници од ОВР - Неготино, го лишиле од слобода 18-годишниот Л.Б. од неготинското село Тремник, по претходна пријава дека во селото, по кратка вербална расправија, со остар предмет го нападнал О.Т., на возраст од 21 година од Неготино, појаснуваат од СВР - Велес.

Л.Б. бил задржан во полициска станица. По документирање на настанот, против него ќе била поднесена соодветна пријава. свд/вј/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан