• недела, 22 декември 2024

Приведено лице барано со потерница за затворска казна од пет години    

Приведено лице барано со потерница за затворска казна од пет години    

Скопје, 2 октомври 2024 (МИА) - Полицијата денеска во 14:10 часот на улица „Ѓорче Петров“  во Скопје го лишила од слобода Р.Р. (50) од Скопје.

Како што соопшти МВР, Р.Р. бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор во траење од пет години за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“ по член 131 став 2 од Кривичниот законик.

Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено – поправна установа за издржување на казната. мд/дма/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан