• понеделник, 23 декември 2024

Приведени 12 лица по нередите на натпреварот Трабзонспор – Фенербахче

Приведени 12 лица по нередите на натпреварот Трабзонспор – Фенербахче

Трабзон, 18 март 2024 (МИА) - Турските органи на прогонот приведоа 12 лица по тепачка на првенствениот натпревар меѓу Трабзонспор и Фенербахче (2:3) одигран вчеравечер.

- Против досега идентификувани 12 лица се поведени судски и административни постапки. Истрагата продолжува, напиша турскиот министер за внатрешни работи Али Ерликаја на социјалните мрежи.

Претходно, претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, насилството на и надвор од теренот го нарече апсолутно неприфатливо.

На крајот од средбата навивачи на Трабзонспор влегоа а теренот и физички ги нападнаа играчите на гостинската екипа. Откако судиите се обидоа да ги разделат, играчите на Фенербахче се стрчаа кон соблекувалните додека кон нив летаа шишиња и други предмети. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан