Приведени четири лица од Унгарија и Турција во казино во Неготино
- Во казино во Неготино синоќа се приведени едно лице од Унгарија и три од Турција, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.
Неготино, 6 јули 2025 (МИА) - Во казино во Неготино синоќа се приведени едно лице од Унгарија и три од Турција, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи - Велес.
- Синоќа во 22 часот, полициски службеници од ОВР - Неготино, во казино во градот, го приведоа Б.С., на возраст од 40 години од Република Унгарија, а во 23:45 часот и лицата Д.К.(61), А.Л.(38) и И.Ц.(48), сите од Република Турција, затоа што е констатирано дека истите влегле во државава, но, во законскиот рок не пријавиле престојувалиште, со што сториле прекршок по чл.190 ст. 3 од Закон за странци, појаснија од СВР - Велес.
Оттаму додадоа дека за настанот е известен инспектор за странци за понатамошно постапување. свд/аа/
Фото: МИА архива