• среда, 03 јули 2024

Приведени тројца дилери, пронајден кокаин

Приведени тројца дилери, пронајден кокаин
Скопје, 23 декември 2020 (МИА) - Полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција- Сектор за недозволена трговија со дрога во заедничка акција со СВР Тетово денеска на наплатната станица Желино сопреле патничко моторно возило „мерцедес“ со швајцарски регистерски ознаки, во кое биле Х.И,(31) од село Градец, Гостивар, С.Б (31) од село Градец и А.Ш. (32) од Гостивар. При извршениот преглед биле пронајдени пакувања со кокаин. Како што информираат од МВР, лицата се приведени во СВР Тетово и ќе биде поднесена кривична пријава до надлежното Јавно обвинителство Тетово. вј/лв/

Остани поврзан