• понеделник, 23 декември 2024

Приведени три лица при акциска контрола во угостителски објекти и казина

Приведени три лица при акциска контрола во угостителски објекти и казина

Скопје, 2 април 2023 (МИА) - Полицијата ноќеска приведе три лица при акциска контрола во угостителски објекти, казина и обложувалници на територијата на цела држава. 

Кај едно од нив, на подрачјето на Скопје, биле пронајдени седум пакувања со марихуана и против него ќе следува поднесок за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик. На подрачјето на Скопје се приведени и двете други лица, од кои едното по член 80 од Законот за оружје, а другото поради точење на алкохол на малолетници, по член 204 од Кривичниот законик.

Со контролата, како што посочија од МВР, беа опфатени 290 угостителски објекти, казина и обложувалници на триесетина локации во државата. -За време на контролата констатирани се два прекршока од Законот за приватно обезбедување и два по Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, а еден по Законот за лична карта. Од страна на надлежните инспекторати во две казина се затекнати малолетници, спротивно Законот за игри на среќа, а во два угостителски објекта и две казина се констатирани неправилности по Законот за инспекција на трудот, за што против одговорните лица ќе следуваат соодветни поднесоци. Акциските контроли во угостителски објекти и казина ќе продолжат и во наредните денови, велат од МВР. мс/
 
Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан