• петок, 05 декември 2025

Приведени три лица од Виница и Кочани поради дрога

Приведени три лица од Виница и Кочани поради дрога

Скопје, 19 август 2025 (МИА) - Три лица биле приведени поради дрога во два посебни случаи, информираат денеска од Министерството за внатрешни работи.

Во првиот случај, полициски службеници вчера во 15:40 часот во Кочани го лишиле од слобода Б.Д., 22-годишен жител на овој град.

- На место викано „Индустриска зона“ во Кочани, полициските службеници извршиле преглед кај лицето и во возилото „бмв“ со кочански регистарски ознаки, што го управувал, при што пронашле и одзеле марихуана, грендер исполнет со марихуана и дигитална вага. Подоцна, со судска наредба, бил извршен и претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени марихуана и други предмети за што постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело, појаснуваат од МВР.

Подоцна, во 22 часот во кочанско Грдовци, полициски службеници од ОВР - Кочани ги лишиле од слобода Г.П. и А.А., на возраст од 32 и 29 години, двајцaта од Виница.

- Полициските службеници запреле патничко возило „фолксваген голф“ со швајцарски национални ознаки, што го управувал Г.П., а сопатник бил А.А., при што забележале дека сопатникот од возилото фрлил пакување со марихуана, што било пронајдено и одземено. Додека, при преглед во возилото биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, марихуана и грендер, додаваат од МВР.

Лицата биле задржани во полициска станица и во координација со јавен обвинител, со нив бил извршен службен разговор.

- По целосно документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави, нагласуваат од МВР. бд/дма/

Фото: Министерство за внатрешни работи

Остани поврзан