• вторник, 13 јануари 2026

Приведени три лица кои продавале пиртотехника во Куманово

Приведени три лица кои продавале пиртотехника во Куманово

Куманово, 31 декември 2025 (МИА) - Приведени три лица од Куманово и Липково кои продавале пиротехнички средства на зелениот пазар во Куманово и на влезот од градот, соопшти денеска СВР Куманово. 

Полициските службеници од СВР Куманово вчера ги лишија од слобода А.А. (39), М.В.(21), двајцата од Куманово и Е.Џ.(28) од село Лојане, општина Липково. 

При преглед на тезга кај Зелениот пазар на булеварот „Трета македонска ударна бригада“, сопственост на А.А., пронајдени се и одземени над 330 парчиња разновидни пиротехнички средства. При контрола на возило „сеат леон“ на ул.„11 Октомври“, управувано од М.В., пронајдени се и одземени 32 парчиња разновидни пиротехнички срества. Додека, при преглед на возило „мазда“ на влезот на Куманово, управувано од Е.Џ., пронајдени се и одземени 150 парчиња разновидни пиротехнички средства.

Лицата се задржани во полициска станица и по целосно документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави по член 396 од Кривичниот закони. ам/аа/

Фото: МИА 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан