• сабота, 06 јули 2024

Приведени пет лица, расчистени три тешки кражби во Битола 

Приведени пет лица, расчистени три тешки кражби во Битола 
Скопје, 23 февруари 2023 (МИА) - Приведени се пет лица сите од Битола вчера, осомничени дека извршиле три тешки кражби.
 
Полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола, по преземени мерки и активности, соопштија денеска од МВР, ги лишиле од слобода А.М.(23), С.М.(26), М.Ј.(31), Ф.М(44) и Ѓ.М.(34), сите од Битола.- Тие се сомничат дека во периодот од 19.02. до 22.02.2023 извршиле три тешки кражби, од кои две во хидроцентралата Сапунчица во с.Дихово, битолско, и една во објект на Дирекцијата за заштита и спасување – Битола, во кругот на старата касарна во Битола, при што одзеле повеќе предмети, појаснуваат од МВР.Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопствениците, а лицата биле задржани во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. цр/дма/
 
Фото: МИА архива

Остани поврзан