• недела, 22 декември 2024

Приведени лица за напад на полициски службеници, дел од медиумите објавија дека е уапсен новинарот Фуркан Салиу

Приведени лица за напад на полициски службеници, дел од медиумите објавија дека е уапсен новинарот Фуркан Салиу

Скопје, 7 април 2024 (МИА) - Денеска околу 17 часот на фудбалскиот стадион во с. Средно Коњари за време на фудбалскиот натпревар помеѓу ФК „БВК Коњаре“ и ФК „Куманово“, на дваесетина минути пред крајот на натпреварот дошло до обид домашната публика да се пресмета со гостинските играчи. Обидот е спречен од страна на службите кои го обезбедуваа натпреварот и натпреварот бил прекинат, соопшти МВР. 

За време на интервенцијата, како што стои во соопштението, од страна на две лица нападнати се припадници на Единицата за брзо распоредување. Лицата кои го извршиле нападот веднаш се приведени и утврдено е дека станува збор за Ф.С.(33) од с. Арачиново и Н.Ј. (26) од с. Арачиново, додека С.Б. (40) од с. Арачиново е приведен за учество во тепачка. 

Дополнително, околу 18 часот, при преглед на патничко возило „дачија дастер“, сопственост на Ф.С., а управувано од Ф.А.(34) од с. Кондово со сопатник А.Р. (21) од с. Кондово, во багажникот е пронајден пиштол. СВР Скопје презема мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

Претходно дел од медиумите објавија дека специјални единици го уапсиле новинарот и сопственик на Портал Х, Фуркан Салиу. За настанот објави и видео медиуимот на албански јазик IN7.TV. Салиу, како што објавија дел од медиумите, бил однесен во полициската станица Гази Баба, а бил приведен за време на фудбалски натпревар во селото Коњаре. нд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан