• петок, 22 ноември 2024

Приведени крадци од гостиварско, одземеното вратено на сопственикот

Приведени крадци од гостиварско, одземеното вратено на сопственикот

Скопје, 8 јануари 2024 (МИА) - Полициски службеници од ОВР Гостивар вчера ги лишиле од слобода О.Џ.(31) од Гостивар и А.А.(24) од село Форино, гостиварско, кои се сомничат дека во текот на денот од објект во изградба одзеле градежен материјал. 

Како што информираат од МВР, одземениот материјал бил пронајден и вратен на сопственикот, а по целосно документирање на случајот против лицата ќе следи соодветен поднесок. бт/нд/

Фото: МИА архива

Остани поврзан