• петок, 22 ноември 2024

Приведени крадци во гостиварско

Приведени крадци во гостиварско

Скопје, 11 септември 2024 (МИА) -  Полициски службеници од Полициското одделение Галате и ОВР Гостивар, вчера во 12.30 часот во гостиварско Дебреше и во 22.00 часот во населба Млаки во Гостивар, ги лишиле од слобода С.С.(36) од Дебреше и А.К.(43) од гостиварско Леуново.

Како што соопшти денеска МВР, тие се сомничат дека во текот на последниот месец извршиле повеќе тешки кражби во куќи и магацини на подрачјето, од каде што одзеле повеќе предмети.

С.С. и А.К. се задржани во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случаите, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. дма/сст/

Фото: Миа архива

Остани поврзан