• четврток, 17 октомври 2024

Приведени дилери од Струмица, пронајдени кокаин и марихуана

Приведени дилери од Струмица, пронајдени кокаин и марихуана
Скопје, 10 септември 2022 (МИА) - Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица, денеска во Струмица ги лишиле од слобода струмичаните Б.Х.(28) и М.Д.(33).
Како што соопшти МВР, при преглед на Б.Х. биле пронајдени шест пакувања со кокаин, а при претрес во домот на М.Д., извршен со судска наредба на Основен суд Струмица, биле пронајдени две ќеси со кокаин и две пакувања со марихуана.Лицата се приведени и задржани во Полициската станица Струмица, известен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица и по целосно документирање на случајот тие ќе бидат изведени пред Судија на претходна постапка од Основен суд Струмица, а против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. дма/
 

 

Остани поврзан