• вторник, 02 јули 2024

Приведени двајца крадци што краделе од 16 возила во Шуто оризари

Приведени двајца крадци што краделе од 16 возила во Шуто оризари
Скопје, 14 ноември 2020 (МИА) - Полицијата денеска привела две лица кои извршиле 16 тешки кражби во возила во скопската општина Шуто Оризари. Како што се наведува во соопштението од МВР, на денеска полициски службеници од СВР Скопје-ЕВР ОКР Чаир ги приведоа А.И. (18) и Ш.М. (26) од Скопје поради извршени 16 тешки кражби во возила на територијата на општина Шуто Оризари. Тие, како што се посочува, со погоден алат ги кршеле стаклата од возачката страна на возилата и потоа одземале акумулатори, аудио опрема и други предмети. При приведувањето, пронајдени се дел од предметите и се вратени на сопствениците. Против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави до обвинителството. ев/

Остани поврзан