• петок, 22 ноември 2024

Приведени двајца дилери во Велес

Приведени двајца дилери во Велес

Велес, 13 август 2024 (МИА) - Полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Велес, вчера во 14 часот ги лишиле од слобода 47-годишниот Х.М. и  43-годишниот З.Б., двајцата од Велес.

Како што информира СВР Велес, при претрес во домот во кој живеел Х.М., извршен со судска наредба, а во кој бил затекнат и З.Б., биле пронајдени и одземени 31 пакување со кафеава прашкаста материја.

За настанот бил известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави, најавија од СВР Велес. ад/

Фото:МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан