• петок, 22 ноември 2024

„Пржинската влада“ стои во Законот за Влада, партиите да внимаваат на законските обврски кога шпекулираат за датум за избори, вели Џафери

„Пржинската влада“ стои во Законот за Влада, партиите да внимаваат на законските обврски кога шпекулираат за датум за избори, вели Џафери

Скопје, 30 октомври 2023 (МИА) - Пржинскиот договор, односно „пржинската“ или „техничка влада“ е преточена во закон, стои во актуелниот Закон за влада. Партиите треба да внимаваат на законските обврски кога шпекулираат за датум за избори. Последните 100 дена од мандатот според актуелниот закон треба да се формира техничка влада, значи 100 дена пред 5 Мај, како прв можен датум за парламентарни избори. Тоа е во законот и тој треба да се почитува, рече претседателот на Собранието Талат Џафери, вечерва во гостување на ТВ 21. 

- Нема за тоа рок кога треба да се затвори. Може да се затвори веднаш, тоа е најлесно, но што ќе добиеме со тоа. Вака даваме простор на сите добро да размислат и да донесат одлука во интерес

-Сите што прават математика за парламентарните избори во 2024 година треба да имаат предвид дека за парламентарните избори, без разлика дали се редовни, мора да има техничка влада 100 дена пред 5 мај. Техничката влада треба да биде во последната недела од јануари. Договорот од Пржино е во сила и ќе има технички премиер, во врска со тоа ќе биде премиер Албанец, наведува Џафери во сегментите од интервјуто што ги пренесува телевизијата.

 Техничкиот премиер, посочува, не е на опозицијата која во тој случај добива три министерства.

Претседател во првиот круг, како што вели, може да има само доколку гласаат 50 проценти од бројот на запишани гласачи

-Милион и 1 глас и исто толку гласови за кандидат, во овој случај имаме претседател во прв круг. Ако нема излезеност, изборите се повторуваат како да не се одржале. Морам да распишам нови избори. Истата постапка се повторува, вели Џафери, пренесува ТВ 21. лв/

  • фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан