• среда, 08 мај 2024

Претставување на творештвото на Виктор Радун Теон

Претставување на творештвото на Виктор Радун Теон
Скопје, 30 јуни 2022 (МИА) - Во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје денеска ќе биде претставено творештвото на поетот, филозоф и футуролог Виктор Радун Теон од Србија.

-Виктор Радун Теон ќе ни ги претстави своите литерарни и филозофски дела во кои критички се осврнува на напредокот и Четвртата индустријска револуција, којашто врз основа на новите технологии - вештачка интелигенција, нанотехнологија, виртуелна и аугментативна реалност, интернет на нешта, биотехнологија, роботика, неуронауки, и идеологијата и филозофијата на трансхуманизмот човештвото го води во ќорсокак, соопштија од библиотеката.

Промотори на настанот ќе бидат Христо Петрески и Васил Тоциновски.бт/са/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан