• сабота, 21 декември 2024

Претставничкиот дом по вторпат изгласа импичмент на Трамп

Претставничкиот дом по вторпат изгласа импичмент на Трамп
Вашингтон, 13 јануари 2021 (МИА) - Вкупно 221 пратеник од Демократската партија и дури десетмина од Републиканската денеска го дадоа гласот за отповикување на американскиот претседател Доналд Трамп. Тој се товари за поттикнување бунт, односно за неговата улога во минатонеделните смртоносни нереди во Капитол. Против отповикувањето се 197 пратеници. По одобрувањето, постапката се префрла во Сенатот, Горниот дом на Конгресот, кој го спроведува судењето. Засега не е познато кога ќе започне постапка, со оглед дека од мандатот на Трамп останаа уште осум дена.  Според Уставот, потребни се две третини од сенаторите за да биде осуден и сменет претседателот. Познавачите не очекуваат дека во Сенатот ќе биде донесена одлука за отповикување, но со просто мнозинство може да одлучи дека тој нема да може да се кандидира за втор мандат. ссм/  

Остани поврзан