• недела, 22 декември 2024

Претставничкиот дом не го усвои републиканскиот предлог за финансирање на американската влада

Претставничкиот дом не го усвои републиканскиот предлог за финансирање на американската влада

Вашингтон, 19 септември 2024 (МИА) - Членовите на Претставничкиот дом на САД, кој е под контрола на републиканците, го отфрлија предлог-законот за финансирање на американската влада до 28 март.

Документот го поддржаа 202 конгресмени, додека 220 беа против.

Предлогот го даде републиканскиот спикер Мајк Џонсон, но мала група републиканци им се придружи на демократите во отфрлањето на законот, давајќи им рок на конгресмените помалку од две недели, односно до 1 октомври, да го усвојат новиот буџет и да избегнат евентуално затворање на одредени владини ресори. ссм/

фото: архива

Остани поврзан