• вторник, 24 декември 2024

Претставникот на Словенија во СБ на ОН ја повика Русија да ја запре агресијата врз Украина

Претставникот на Словенија во СБ на ОН ја повика Русија да ја запре агресијата врз Украина

Љубљана, 23 јануари 2024 (МИА) - Претставникот на Словенија во Советот за безбедност на ОН, Самуел Жбогар, на состанокот на ова тело ја повика Русија да ја запре агресијата врз Украина, јави словенечката агенција СТА.

Словенија е непостојана членка на Советот за безбедност на ОН.

Жбогар рече дека Русија, која свика состанок на Советот за безбедност во врска со испораката на оружје на Украина од Запад, го обвинува Западот за двојни стандарди, а таа самата е виновна за тоа.

За Украина важат и сите меѓународно хуманитарно право и човекови права, кои Русија ги нагласува во врска со ситуацијата во Појасот Газа, изјави словенечкиот претставник.

Тој изрази загриженост поради воената соработка меѓу Русија и Северна Кореја и увозот на балистички ракети од Северна Кореја во Русија.

- Овие дејствија претставуваат сериозно кршење на бројните резолуции на Советот за безбедност на ОН, со кои треба да се позанимаваме рече Жбогар. 

Тој истакна дека Западот ја поддржува Украина да и помогне на таа земја да ги заштити своите граѓани и да ја заштити својата територија во согласност со правото на самоодбрана врз основа на член 51 од Повелбата на ОН. ссм/

фото: архива

Остани поврзан