• недела, 20 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Претставата „Покојник“ на Црногорско народно позориште вечер на фестивало 5 РЕ

Претставата „Покојник“ на Црногорско народно позориште вечер на фестивало 5 РЕ

Велес,4 април 2025 (МИА) - На големата сцена на Тетарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ во Велес, вечер од 20 часот, во рамките на фестивалот 5 РЕ ќе биде изведена претставата „Покојник“ од Бранислав Нушиќ во режија на познатиот Егон Савин, во изведба на актерите од  Црногорското народно позориште.

Во претставата настапуваат  познатите актерски ѕвезди од овој театар: Марко Бачовиќ, Бојан Димитријевиќ, Бранка Оташевиќ, Горан Вујовиќ, Александар Радуловиќ, Лазар Драгојевиќ, Славко Калезиќ, Слободан Маруновиќ, Стефан Вуковиќ, Дејан Иваниќ, Стефан Радусиновиќ, Радмила Божовиќ, Јадранка Мамиќ, Драган Рачиќ и Слободан Вујадиновиќ.

Од велешкиот театар порачуваат - сите љубители на театарот да не ја пропуштаат оваа безвремена комедија, која ќе насмее, но и замисли и потсети на вистинските вредности на животот. Воедно ова е можност да уживаат во една од најголемите театарски изведби на Балканот, со најдобри актерски имиња.

Билетите можат да се набават на касата на театарот.

„Покојник“ е една од претставите на 4.Фестивал на комедијата 5 РЕ која е во конкуренција за една од наградите на фестивалот за најдобра женска и машка улога, за најдобра претстава и најдобра режија, кои се плакета со ликот на Петре Прличко и благодарница, а се доделуваат првпат на 16 април на свеченото затворање на фестивалот.ад/

Фото: Тетара Велес

 

Остани поврзан