• понеделник, 23 декември 2024

Претставата на француската театарска група „Кидам“ одложена за утревечер

Претставата на француската театарска група „Кидам“ одложена за утревечер

Скопје, 28 јуни 2024 (МИА) - Францускиот институт во Скопје и фестивалот „Скопско лето“ соопштија дека изведбата на уличното дефиле и претстава на француската театарска група „Кидам“ (La Compagnie des Quidams), која што требаше да се одржи вечерва, е одложена за утревечер.

Причина за преместување на изведбата е летот на гостите од Франција, кој бил одложен за денеска поради големото невреме.

Како што соопштија организаторите, почетното место на настанот останува Музејот на град Скопје, преку улица „Македонија“, Камениот мост до плоштадот „Карпошово востание“, каде што ќе се одржи финалето на претставата.

На крајот на претставата, на фасадата на „Ибни Пајко“, ќе биде прикажан видео-мапинг на македонскиот визуелен уметник Емил Петро, насловен како „Франција во светлина“. бт/бак/

Фото: Плакат

Остани поврзан