• петок, 22 ноември 2024

Претседателски избори Франција 2022: организаторите на народните прелиминарни избори ја поддржуваат „Народната унија“ на Жан-Лук Меланшон

Претседателски избори Франција 2022: организаторите на народните прелиминарни избори ја поддржуваат „Народната унија“ на Жан-Лук Меланшон
Париз, 5 март 2022 (МИА) - Народните прелиминарни избори, граѓанска иницијатива која ја поддржа Кристијан Тобира на претседателските избори, пред таа да се откажe поради недоволен број на потписи за кандидатура, денеска најави „поддршка и кампања“ за „Народната унија“ на Жан-Лук Меланшон, јави дописникот на МИА. -По гласањето на бордот на директори, кој ги обединува волонтерите, локалните групи, членовите на постојаниот тим и канцеларијата, народните прелиминарни избори денеска избираат да ја поддржат кампањата за Народната унија, најдоброто политичко средство за претставување на нашите идеи во претседателски избори“, објаснува граѓанското движење, во соопштението за медиумите, без да го цитира кандидатот кој го поддржуваат Жан-Лук Меланшон. „Гласањето, спроведено по мнозински принцип, го стави предлогот за поддршка на Народната унија во водство со повеќе од 50 отсто од намерите на гласачите со оценката Многу добро“, објаснуваат од граѓанското движење. Имено, при гласањето на прелиминарните избори, секој од кандидатите од левицата беше оценуван со оценка од недоволен до одличен, целта беше да се има само еден кандидат на левицата. Организаторите на Народните прелиминарни избори признаваат „дека стратегијата за политичко обединување (на левицата,) што ја носеа со месеци не функционира бидејќи кандидатите не сакаат да се обединат пред првиот круг“, но потврдува дека „нашите граѓани“ движењето кое предизвика ентузијазам кај половина милион луѓе, нема да застане тука“. Без да се цитира ниту Кристијан Тобира, организаторите на прелиминарните избори нагласуваат дека „неможноста кандидатот поддржан од назначувањето од најголемиот број на граѓани на овие претседателски избори да ги добие 500-те спонзорства (потписи на големи избирачи за да биде кандидат) ја засилуваат нашата констатација дека правилата на демократската игра се застарени“. Кристијан Тобира излезе како победник од гласањето на повеќе од 392.000 гласачи, пред екологот Јаник Жадот, кој дојде на второто место, и Жан-Лук Меланшон (3-то место). „Нашата мобилизациска сила мора да и служи на победата на екологијата и социјалната правда. Сега треба да победиме “, велат организаторите на прелиминарните избори. тг/ссм/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан