• вторник, 05 ноември 2024

Претседателот Пендаровски на средба со амбасадорката Бенгстон по повод Националниот ден на Шведска

Претседателот Пендаровски на средба со амбасадорката Бенгстон по повод Националниот ден на Шведска
Скопје, 5 јуни 2021 (МИА) - Во знак на одбележување на Националниот ден на Шведска - 6 јуни, шведската амбасадорка во државава Кристин Форсгрен Бенгтсон, денеска беше домаќин на претседателот  Стево Пендаровски и првата дама Елизабета Ѓоргиевска, соопштија од Амбасадата на Шведска во Северна Македонија.

Оттаму информираат дека на свечениот ручек амбасадорката и претседателот ги истакнале долгогодишните одлични билатерални односи помеѓу двете земји.

- Традиционално беа интонирани химните на двете држави, по што претседателот и првата дама имаа можност да вкусат типични шведски специјалитети приготвени согласно пристапот на готвење со нула отпад, со употреба и на шведски и на локално произведени и органски продукти од разни делови на Северна Македонија, соопшти Амбасадата на Шведска.

Како што посочуваат, Националниот ден на Шведска, заради пандемијата со Ковид-19 и оваа година ќе се прослави дигитално, на социјалните мрежи на Амбасадата, под мотото „Славете со нас! Жолтото и синото стануваат зелено!“, и цели да истакне одржливи начини на живот со нагласок на зелени решенија и избори.”фф/лв/

Остани поврзан