• понеделник, 23 декември 2024

Претседателот на Мавританија, Улд Газуани, реизбран на функцијата

Претседателот на Мавританија, Улд Газуани, реизбран на функцијата

Нуакшот, 1 јули 2024 (МИА) - Претседателот на Мавританија, Мохамед Улд Газуани, е реизбран на функцијата откако освои 56,12 отсто од гласовите, покажаа привремените резултати, пренесе ДПА.

Неговиот главен ривал, активистот за човекови права, Бирам Дах Абеид, е втор со освоени 22 отсто од гласовите, додека Хамади Сиди Мохтар од исламистичката партија Тавасул доби 12,76 отсто.

Изборите во оваа поранешна француска западноафриканска колонија се одржаа во саботата. Резултатите беа објавени доцна синоќа, откако беа преброени 99 отсто од гласовите.

Пред објавувањето на резултатите Абеид тврдеше дека имало измама, а полицијата ги растерала неговите приврзаници кои протестираа, употребувајќи солзавец, изјавија очевидци, пренесе ДПА.

Мавританците се надеваат дека претседателот ќе работи на подобрување на нивните животни услови, намалување на невработеноста и борба против корупцијата и сиромаштијата.

Газуани (67) вети дека за време на неговиот втор мандат ќе се фокусира на поддршката на младите, пренесе германската агенција.

Газуани, инаку поранешен министер за одбрана, првиот мандат го доби во 2019 година со првата мирна транзиција на власта во земјата. сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан