• петок, 22 ноември 2024

Претседателот на Лион не ја отфрли можноста Бензема да се врати во клубот

Претседателот на Лион не ја отфрли можноста Бензема да се врати во клубот
Лион, 2 септември 2021 (МИА) - Претседателот на Лион, Жан Мишел Олас изјави дека напаѓачот на Реал Мадрид, Карим Бензема може да се врати во францускиот клуб. - Карим никогаш порано не играл на нашиот нов стадион. Во иднина, кога ќе ја завршува кариерата, ќе има можност да ја зајакне својата врска со клубот. Бензема има исклучителна кариера во Реал Мадрид и француската репрезентација. Тој е голема гордост, бидејќи тој е дете на Лион, изјави Олас за „Goal“. Бензема во јули 2009 година од Лион се пресели во Реал Мадрид. Порталот „Transfermarkt.com“ ја проценува моменталната цена на 33-годишниот Французин на 25 милиони евра. Договорот на фудбалерот со „Кралскиот клуб“ важи до крајот на јуни 2023 година. зс/

Остани поврзан