• петок, 22 ноември 2024

Претседателот на Лече: Ѓаволскиот ВАР ја уништи нашата чудесна победа над Милан

Претседателот на Лече: Ѓаволскиот ВАР ја уништи нашата чудесна победа над Милан

Лече, 12 ноември 2023 (МИА) - Претседателот на Лече, Саверио Стичи Дамијани, негативно зборуваше за ВАР по вчерашниот натпревар од 12. коло од Серија А со Милан (2:2).

Напаѓачот на тимот Роберто Пиколи го доведе Лече во водство во 90+4. минута, но голот беше поништен по ВАР совет бидејќи играчот го згазна стапалото на Малик Тиаву.

- Финишот беше бајка, момент на магија што самите си го создадовме со напорна работа и кој беше уништен од ѓаволскиот ВАР. Начинот на кој се користи системот сега е едноставно ужасен. Отсега секогаш кога ќе примиме гол ќе ја бараме ногата која не стапна за да го поништиме голот. На крајот дефинитивно ќе ја најдеме, изјави Дамијани, за „Football Italia“.

Милан е трет во италијанското првенство со 23 бода. Лече со 14 бода се искачи на 13. место во поредокот. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан