• недела, 22 декември 2024

Претседателот на ДР Конго за првпат во историјата на земјата назначи премиерка

Претседателот на ДР Конго за првпат во историјата на земјата назначи премиерка

Киншаса, 2 април 2024 (МИА) - Претседателот на Демократска Република Конго, Феликс Цисекеди, синоќа за првпат во историјата на земјата назначи жена за премиер, избирајќи ја на оваа функција поранешната министерка за планирање, Џудит Суминва, пренесоа британските медиуми.

Откако во јануари го почна својот втор мандат на функцијата Цисекеди започна долга потрага по коалициско мнозинство во Националното собрание - клучен фактор пред да биде назначен премиер и да се формира влада.

-Свесен сум за големата одговорност... Ќе работиме за мир и развој на земјата, рече Суминва на националната телевизија.

Властите се соочуваат со голем број предизвици, вклучително и продлабочување на конфликтот и хуманитарната криза во источните региони и управувањето со значителното минерално богатство на Конго.

За време на неговиот прв мандат, Цисекеди вети дека ќе ја искорени ендемската корупција, ќе ја обнови економијата, ќе се справи со длабоките нееднаквости и ќе стави крај на несигурноста во источните региони, но критичарите велат дека тој не исполни ниту едно од своите ветувања.сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан